Македонија

(Фото): Некои од мостовите само што не паднале

Деветнаесет моста во земјава се ризични и потребна е нивна итна санација, покажало испитувањето што го направиле од Градежниот факултет на барање на ЈП за Државни патишта. Испитувањето опфатило вкупно 1.300 мостови, а за 97 е откриено дека треба да се поправат поради нивната дотраеност, пренесе Вечер. Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, вели […]

Деветнаесет моста во земјава се ризични и потребна е нивна итна санација, покажало испитувањето што го направиле од Градежниот факултет на барање на ЈП за Државни патишта. Испитувањето опфатило вкупно 1.300 мостови, а за 97 е откриено дека треба да се поправат поради нивната дотраеност, пренесе Вечер.

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, вели дека голем дел од мостовите во Македонија навлегуваат во сериозна возраст каде што се јавува потреба од преземање мерки, а во најмала мерка на нивно следење.

Тој потенцира дека градежните стручњаци од факултетот заедно со ЈПДП работат на воведување на нови начини за следење на мостовите. За првпат воведен и 24-часовен мониторинг на мостот кај Башино Село. Воедно и за набавка на најсовремена опрема за да може најпрецизно да ја утврдиме состојбата на мостовите со кои стопанисува државата – истакна Марковски.

Од ЈПДП информираат дека имаат  воведено таканаречен БМС систем за управување со мостови (Bridge Menagment System) како составен дел од системот за управување со патишта со кој е извршен попис и преглед на состојбата на патните мостови. При тоа  се изготвени детални извештаи и се поставени и гео-лоцирани во базата на податоци за патиштата, и претставени на WEB-GIS апликација.

Најнови вести од: Македонија

Минатата седмица „Безбеден град“ снимил 4490 прекршоци, од кои за брзо возење биле 4297

Од 9.2.2026 до 15.2.2026 системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирал вкупно 4.490 прекршоци, што е за 10% помалку во споредба со првата седмица во февруари кога биле регистрирани 4.991 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.

ВМРО ДПМНЕ: СДС, насочена кон пропаст, направи катастрофални грешки и штети во образованието, го решаваме и овој проблем

Наместо кон напредок СДС е партија, насочена кон пропаст. Меѓу низата направени катастрофални штети на државата, е и Законот за високо образование. Го донесоа во 2018 година, предизвикаа драстично намалување на квалитетот на високото образование во Македонија и го избришаа единствениот македонски универзитет од пошироката Шангајска ранг листа. Промени се потребни, тоа е општата констатација на целата научна и академска фела во државата. Тим од над 60 академски професори, експерти и претставници на институции, органи и на студентите, изработија предлог законско решение, за кое во тек е јавна дебата. Ниту е конечно, ниту насилно ќе се истурка, како што СДС милува да паничи во јавноста, соопшти ВМРО ДПМНЕ.

КИЧЕВО: Како последица на поплавите евакуирани и згрижени се 250 лица во Кичево, од кои 61 дете, најмалото има еден месец

Црвениот крст информира дека нивните волонтери продолжуваат да бидат на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите низ државата. Распределуваат хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди.

С.Т.(25) од Нерав загина на автопатот Куманово-Крива Паланка, откако „голфот“ му удрил во куче, па и во „бмв“ на спротивната лента – тројца се тешко повредени

Од СВР Куманово информираат дека патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко. С.Т. го загуби животот, а три лица се тешко повредени во оваа сообраќајна несреќа, која се случила вчера околу 19 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во месноста „Смилчинци“ во општина Старо Нагоричане.

Најнови вести

To top