Македонија

(Фото): Ова е златната виза на Филипче за Дубаи, требало да е директор на фирма за инвестиции

Пред точно една година кога првично беше објавено дека Филипче и неговиот близок пријател Зоран Заев поседуваат златни визи за Дубаи, лидерот на СДСМ првично демантираше дека воопшто ја има, за само две недели подоцна да каже дека сепак имал таква виза, но не ја добил зошто бил полн со пари, туку бил во преговори да работи во болница таму и врз основа на тоа му дале виза.

Директор за инвестиции и менаџмент, а не доктор или неврохирург. Фирма сместена во индустриска зона, а не некоја позната болница. Извадена во 2023-та година, а трае до далечната 2033-та. Досега необјавени документи за златната виза на докторот Венко Филипче, кои Алфа ги доби од свиркачи и ексклузивно ги објавува, покажуваат сосем друга реалност од таа што ја кажа лидерот на СДСМ.

Златната виза, која вообичаено ја добиваат богати бизнисмени, Филипче ја добил во септември 2023-та година, само седум месеци пред изборите и падот на власта на СДСМ, а му трае цели 10 години. Според она што го пишува во документот со кој Обединетите Арапски Емирати, му стнаа резервна татковина на лидерот на социјалдемократите, тој требало да работи на престижната функција изврешен директор во компанија, во познатата економската зона „Рас Ал Каиман“ во Дубаи. Што точно работи компанијата, нема податоци, освен дека е „комерцијално претпријатие за инвестиции, институции и менаџмент“.

Лидерот на СДСМ, кој во минатото даваше сосема други информации околу златната виза и под кои услови ја добил, повторно воинстевно се нафрли врз Алфа телевизија. Прашан во врска со неа, тој не објасни ништо, туку само нервозно не обвини дека сме му ја дефокусирале прес-конференцијата.

-Доста со дефокус прашања, каков е тој дефокус, златна виза, каква врска има тоа со контекстот тука. Претстанете со тоа, престанете со тие лажни вести, престанете со тие кампањи, луѓето имаат реални проблеми овде, какви се тие златни визи, Дубаи, згради, Харис Џиновиќ, престанете со таа кампања, нека не ви нарачуваат такви прашања. Доста правите ваков дефокус (САМИ КАЖАВТЕ ДЕКА ИМАТЕ, ОД КОГА ДО КОГА ВИ ТРАЕ?) Повелете…, заврши Филипче.

Пред точно една година кога првично беше објавено дека Филипче и неговиот близок пријател Зоран Заев поседуваат златни визи за Дубаи, лидерот на СДСМ првично демантираше дека воопшто ја има, за само две недели подоцна да каже дека сепак имал таква виза, но не ја добил зошто бил полн со пари, туку бил во преговори да работи во болница таму и врз основа на тоа му дале виза.

Според програмата на Обединетите Арапски Емирати златната виза за долгорочен престој главно добиваат странски државјани кои се подготвени да вложат минимум 280 илјади долари за виза од 5 години, или над 500 илјади долари за 10 годишна. Освен инвеститори виза може да добијат и специјалисти, студенти и истражувачи, кои прават значители инвестиции во земјата. Но за таква виза, потребно е барање и препорака од Емиратското министерство, како и специјално писмо со препорака од Советот на научници или лично од Секретаријатот на Шеикот, со кое се потврдува дека личноста има добиено медал за Академска исклучителност.

Најнови вести од: Македонија

Денес се одбележуваат великото дело и личноста на Свети Наум Охридски, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост (1)

Денес Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сиот македонски народ, не само оние, кои се православни христијански верници, го одбележуваат црковно-народниот празник, посветен на личноста и великото дело на Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост и просвета, заедно со светите браќа Кирил и Методиј, како и со Св. Климент. Свети Наум Охридски останува запаметен како исцелител и просветител на македонскиот народ, но како и заштитник на манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на Охридската книжевна школа биле обучени повеќе од 3.500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенската писменост и култура.

Милошоски: Македонија меѓу предводничките по постигнатите реформи во рамките на Реформската агенда од Планот за раст на ЕУ

Проценката на Европската комисија, ѝ дава за право на владејачката партија да упати апел до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да не ги попречува законите кои се дел од обврските од Реформската агенда, меѓу кои и Изборниот законик, и да покаже прагматичност во интерес на државата

To top