Македонија

(Фото) Полицајци спасија 80-годишен маж заглавен на тераса по пожарот во неговиот дом

Македонска Каменица

На 15.02.2026 во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80). Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле. Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

Најнови вести од: Македонија

Пола Македонија под вода – битката со невремето продолжува, само во Кичево евакуирани 250 семјства

Куќи полни со вода, поплавен и уништен мебел, расипани машини, нефункционална бела техника, блокирани возила – тоа е состојбата еден ден по поплавите во населбите во Кичево. Во Подварош околу 50 куќи, кои се во близина на Зајаска река се поплавени, а жителите ја опишуваат ужасната ноќ што ја преживеале.

Азески: Дијалогот е единствениот начин за договор за минималната плата, не протестите!

„Дијалогот е клучен за решавање на проблемот со минималната плата.“ – нагласи претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, кој денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што ќе биде отворен Инвестициски центар. Запрашан за барањата за зголемување на минималната плата и поврзано со протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија, Азески рече дека со протести нема да се најде решение за зголемување на платите на работниците и оти е затоа неопходен дијалог. Во меѓувреме во март треба да се разговара за усогласувањето на минималните плати во државата.

Ахмети од Приштина до Хашкиот трибунал, a можеби и до некои во Македонија: Нема да нѐ скршат, исто како и семејствата на нашите другари во Хаг!

Претседателот на ДУИ Али Ахмети учествуваше на претставувањето на книгата на Ахмет Шала со наслов „Кога тишината зборува“, која се одржа денес во Приштина. Ахмети во својот говор рече дека поранешните водачи на косовската УЧК во Хашкиот трибунал се „неправедно судени со обвинувања за дела, што не ги сториле“. Ова го објавија информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје и други медиуми на албански јазик од Балканот. 

Стопанската комора на Македонија со поддршка на транспортерите кои чекаат решение

Во време кога од сателит ние можеме да снимаме човек и да му го снимаме телефонот. Ние не можеме да ги откриеме прекршителите на Царините. Тоа е невозможно. Но имаме ситуација, којашто навистина се брукаме и сликите, коишто ги гледат од Запад доволно зборуваат за нас дека не можеме да се организираме, како што треба. Затоа мислам дека денеска е време во кое што електрониката може да заврши се и техниката и високата технологијата и треба се што е бариера да се отстрани и да му се даде простор на бизнисот и на луѓето да немаат ограничување. Затоа што луѓето реагираат на било какво ограничување, изјави Азески.

To top