Македонија

(Фото): Портокалова фаза, температура до 40 степени

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура: 13°C до 23°C. Максимална температура: 33°C до 40°C.

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде викендов и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека денеска ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.

Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 км/ч.

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top