Македонија

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, остро реагираше дека е следен – не само тој, туку и неговите деца. Според него, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, незаконски објавила видео-снимка на која се гледаат неговите малолетни деца, што го оценува како „директна злоупотреба“. Трендафилов бара одземање на имунитет и истрага Трендафилов побара МВР да утврди кој ја снимал видеоснимката и да ѝ биде одземен пратеничкиот имунитет на Стојаноска, со цел да преземе правни мерки и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја разреши од функциите. Видеото е објавено за време на блокадата на Собранието, организирана од ССМ како дел од протестите за покачување на минималната плата. На видеото, чиј линк го сподели Стојаноска, се гледа како Трендафилов и неговите две деца влегуваат во возило.

Објавата на пратеничката Дафина Стојаноска содржи снимка во која се и двете малолетни деца на Трендафилов а во описот стои: „Не го слушајте што зборува, туку гледајте го како се однесува… Трендафилов, службеното возило на ССМ и приватните обврски.“

Пратеничката Дафина Стојаноска, пак, по однос на барањата на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов вели дека тој треба да побара поддршка од СДСМ.

  • „Слободно, Трендафилов сега нека побара поддршка во СДСМ и неговите сопартијции заедно нека побараат да ми се одземе имунитетот или заедно нека поднесат интерпелација во Собрание.“ – вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Од МВР информираат дека, вчера во попладневните часови во СВР-Велес, трендафилов пријавил дека Дафина Стојаноска на својот фејсбук профил објавила видео кое било снимено од непознати лица во кое се снимени и неговите две малолетни деца. Од МВР велат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството реагира на барањето на родителите – промената на обвинител не го забавува судењето

Јавното обвинителство реагираше остро на барањето на родителите на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ да се врати обвинителката Ивана Алексова Трајчева на предметот против обвинетите полицајци.

To top