Македонија

(Фото): Турската „Џаво отомотив“ отвора фабрика, ќе вработи 500 луѓе

Турската компанија „Џаво отомотив“, специјализирана за производство на автоделови, ќе инвестира во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, каде што од крајот на септември ќе отвори нов производствен капацитет и ќе вработи околу 500 лица. Инвестицијата, вчера, во Влада ја промовираа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Според Мицкоски, станува збор за браунфилд-инвестиција која во првата фаза ќе стартува со закуп на постоен објект од 8.000 квадратни метри, додека до 2028 година производствените капацитети ќе бидат проширени на 21.000 квадратни метри.

Нова инвестиција во вредност од 20 милиони евра, која треба да отвори 500 работни места денеска на прес-конференција во Владата промовираа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Станува збор за инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“ која, како што наведе премиерот во своето обраќање, е мултинационална компанија со повеќе од четири децении искуство во автомобилската индустрија. Компанијата, рече тој, е присутна на меѓународните пазари како производител на безбедносни системи, контролни кабли и механизми за водечките светски производители во автомобилскиот сектор.

Инвестицијата, рече Мицкоски, е уште една потврда за атрактивноста на Македонија како дестинација за странските вложувачи, но и за довербата што тие ја имаат во нашата економија. Според премиерот, станува збор за браунфилд инвестиција, односно компанијата ќе започне со закуп на постоечки објекти со површина од 8 000 квадратни метри, а согласно нејзиниот развоен план, капацитетите ќе се прошируваат до 21 000 квадратни метри до 2028 година.

  • „Во првите пет години, односно во периодот од 2026 до 2030 година, компанијата планира да инвестира околу 20-21 милион евра. Оваа инвестиција ќе донесе и нови можности за вработување. Според бизнис-планот на компанијата, ќе бидат отворени помеѓу 400 и 500 нови работни места, во моментите кога компанијата ќе го добие својот полн сјај“, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Дополнително, како што посочи тој, проектот ќе има значително позитивно влијание врз извозот бидејќи планот на компанијата е извозот да стигне до 45 милиони евра годишно. Компанијата, рече тој, своето производство денес го реализира во Турција и Централна Европа, односно Словачка, а со новата инвестиција што ќе биде реализирана во Технолошко-индустриската зона (ТИРЗ) Тетово се планира целокупното производство од Турција и Словачка да биде пренесено во Македонија.

Ова, според премиерот, е потврда за довербата на инвеститорот во македонската економија, македонската работна сила и деловната клима.

  • „Кога една странска компанија носи одлука дел од своето производство да го пресели токму тука кај нас, тоа значи дека препознала сигурност, предвидливост и јасна економска перспектива. Во изминатиот период многумина зборуваа дека инвеститорите ќе си заминувале, дека индустриските зони ќе стагнираат и дека економијата нема капацитет за нов развој. Но, имам лоша вест за нив. Не само што многу добро одат работите, односно многу подобро од било кога, туку и фактите го покажуваат спротивното. Нови компании доаѓаат, постојните инвеститори ги прошируваат своите капацитети, а земјата станува сѐ повидлива на мапата на европската индустрија“, рече Мицкоски.

Секоја нова инвестиција, додаде тој, Владата ја гледа како дел од поширока стратегија и посочи дека економијата што ја гради не се заснована на задолжувања и, како што кажа, статистички трикови, туку економија која се потпира на производство, инвестиции, извоз и реален економски раст.

  • „И затоа денешната инвестиција на ‘Џаво отомотив’ е уште еден показател дека се движиме во вистинска насока. Ова е порака до секој млад човек кој размислува за својата иднина. Ова е порака до секој работник, инженер, техничар и претприемач. Ова е порака дека државата повторно станува место каде што вреди да се инвестира, да се работи и да се гради иднината“, кажа премиерот.

Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши инвестицијата е потврда дека Македонија станува сè попривлечна за компании што носат современи технологии, нови производствени капацитети и квалитетни работни места. Одлуката на компанијата дел од производството да пренесе во нашата земја, напомена Дурмиши, е силен сигнал за довербата во македонската економија.

  • „Покрај отворањето нови работни места, овој инвестициски проект ќе значи зголемен извоз, трансфер на нови технологии и дополнителна додадена вредност на македонската економија. По иницијалите преговори, кои траеја повеќе од една година, денес се испраќа јасна порака – дека Македонија и натаму е атрактивна дестинација за странските инвеститори“, рече Дурмиши.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Мицкоски рече дека по бизнис-форумот во Истанбул, кој се одржа минатата недела, очекува неколку десетици потенцијални турски инвестиции да се операционализираат во Македонија.

Тој кажа дека со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средбата во Истанбул му рекол оти лично ќе се заложи што поголем број турски инвеститори да дојдат во Македонија.

  • „Како резултат на бизнис-форумот, во периодот што следува очекувам неколку десетици потенцијални инвестиции што ќе се операционализираат. Претседателот Ердоган ми кажа дека лично ќе се заложи што поголем турски инвеститори да дојдат во Македонија, а наша задача е тоа да го препознаеме и да отвориме нови работните места и оние што се надвор од државата да се обидеме преку добро платените нови креирани работни места, да ги вратиме дома“, рече Мицкоски. 

Најнови вести од: Македонија

Героски: Филмот „Враќањето на бугарскиот Цар Самуил во татковината Бугарија“ е пропаганда и мизерија на најјако!

Ете баш вака изгледа „заедничката историја“ на европејски начин. Сите коски се бугарски! Политичка митологија и пропаганда пуштени на најјако. Грда и болна демонстрација на сила. Мизерија. А допрва ќе мора да признаеме дека нашата „заедничка историја“, всушност, е туѓа. Дека сме ја украле. Дека сме фалсификатори и лажговци. Дека, всушност, сме измислени и дека не постоиме. Уште има некој кому ова не му е јасно? Ова го истакнува новинарот Бранко Ѓероски во својата колумна со наслов „Цар Самуил се враќа во ‘татковината Бугарија’ со самолет, aj па ние утре Гоце Делчев ќе им го вратиме со дрон!“, објавена во порталот „Плус инфо“.

Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ВМРО ДПМНЕ е против „Бугари во Устав“ под бугарски диктат!

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија и порача дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски диктат.

Шамбевски: Бугарија чини катастрофално погрешен чекор во однос на Македонија со моштите на Самоил! Може да ги пренесе, но не и Самоиловата тврдина од Охрид!

Споменот на Царот Самоил е во многу нешта заслужен за развивање на македонскиот национален идентитет и како таков бил светилник во најтемните денови на овој народ. Неговите коски можете да ги преместите колку сакате. Но, планините, езерата, градовите и историските траги не ги собира во ковчег!“ – реагира Оливер Шамбевски, македонски политичар и поранешен амбасадор на Република Македонија во низа светски држави, во врска со циркусот така наречен „враќање на моштите на цар Самуил во Бугарија“.

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Најнови вести

To top