Македонија

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

По повеќедецениски истражувања и меѓународна соработка, Туркије успеа да врати 100 вредни културни артефакти од Соединетите Американски Држави, кои сведочат за богатата историја на Анадолија. Артефактите беа претставени во Археолошките музеи во Истанбул од страна на министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, кој истовремено ја отвори и изложбата „Нема излез: Бубон“, посветена на повторното обединување на бронзените статуи од истоимениот антички град.

Враќањето е резултат на правните и научните активности на Министерството за култура и туризам на Турција. Особено значаен беше случајот од мај 2026 година, кога американска аукциска куќа понуди на продажба артефакти со потекло од Анадолија. По доставувањето научни докази и документација до Обвинителството на округот Менхетен и Службата за истраги на домашната безбедност на САД, продажбата беше запрена, а предметите беа вратени во Турција.

На претставувањето присуствуваше и Метју Богданос, заменик-обвинител на округот Менхетен и раководител на Одделението за борба против трговијата со културни добра. Министерот Ерсој ја истакна поддршката на американските институции, Министерството за надворешни работи на Турција и Генералниот конзулат на Турција во Њујорк, упатувајќи благодарност и до „Туркиш ерлајнс“ за безбедниот транспорт на артефактите.

  • „Нашата цел не е само да ги преместиме артефактите од една изложбена витрина во друга, туку повторно да ги разгледаме во контекст на нивните приказни и културната средина на која ѝ припаѓаат“, изјави Ерсој, нагласувајќи дека Туркије ќе продолжи со борба против нелегалната трговија со културни добра.

Меѓу вратените предмети се издвојуваат 40 артефакти од локалитетот Хорозтепе, во покраината Токат, датирани меѓу 2300 и 2000 година пред нашата ера. Колекцијата опфаќа церемонијални музички инструменти, оружје и метални садови, кои сведочат за развиените металуршки вештини во Анадолија за време на раното бронзено време. Тие беа вратени речиси 70 години по ограбувањето.

Особено вредни се 44-те архитектонски плочи од теракота од селото Дивер, во покраината Бурдур, вратени од колекцијата на Музејот „Џ. Пол Гети“ во Лос Анџелес. По претходните враќања предмети од истиот локалитет од САД, Данска и Музејот на ликовни уметности на Вирџинија, овие плочи во претстојниот проект ќе бидат обединети со другите артефакти од Дивер што се чуваат во Археолошките музеи во Истанбул.

Изложбата „Нема излез: Бубон“, пак, ја раскажува приказната за бронзените статуи од античкиот град Бубон, во близина на селото Ибеџик, во покраината Бурдур, кои биле ограбени за време на нелегалните археолошки ископувања во 1960-тите години и незаконски изнесени од Турција. Статуите потекнуваат од Себастејонот, светилиште посветено на римските императори и царското семејство, а нивните делови со децении биле чувани во различни земји и меѓународни колекции. Нивното потекло и меѓусебна поврзаност биле потврдени преку споредување на трагите од спојување на стапалата со камените постаменти, како и анализи на почвата и анализи на изотопскиот состав на оловото. Деловите од статуите, чии глави, торза и екстремитети со децении биле во различни меѓународни колекции, повторно се обединети. Меѓу нив се и бронзените статуи на римските императори Луциј Вер, Септимиј Север, Каракала и Марко Аврелиј.

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози. Со враќањето на 100-те артефакти и повторното обединување на бронзените статуи од Бубон, Турција продолжува со напорите за зачувување, проучување и враќање на своето културно наследство.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

УКИМ не платил сметки за струја, ако не се плати долгот – факултетите ќе останат во мрак

Дел од државните факултети и Ректоратот од утринава се во мрак поради неплатени сметки за електрична енергија. Ова за Телма го потврдија и од ЕВН. Без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно – математичкиот, земјоделскиот факултет, но и зградата на Ректоратот.

Велковски: Во владина постапка се измените на Законот за детска заштита, од 2027 поголема поддршка за децата со посебни потреби

Измените на Законот за детска заштита веќе се во владина процедура, каде се предвидува зголемување на постоечките државни износи за поддршка, со посебен фокус на децата со посебни потреби, изјави министерот за труд и социјална политика и млади, Ѓоко Велковски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, нагласувајќи дека се очекува овие измени брзо да ја поминат собраниската процедура и од 1 јануари 2027 година децата од оваа категорија да добијат зголемени средства.

Николоски: Од 1 јануари 2027 државата ќе биде единствен организатор на интернет-игрите на среќа и ВЛТ терминалите

Владата останува на ставот за ограничување на игрите на среќа и веќе презеде конкретни законски мерки со кои се намалуваат можностите за нивно организирање, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање на Јована Мојсоска од Левица поврзано со работењето на Државна лотарија, односно дали Владата ќе иницира разрешување на директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, како и дали ќе биде затворена платформата за онлајн коцкање „Мегавин“.

To top