Македонија

(Фото): Уништени вредни книги на Мисирков, Пулевски, Конески од архивата на МАНУ

Стотина изданија – монографии и зборници за македонскиот стандарден и дијалектен јазик, збирки стари текстови, речници, меѓу кои Тријазичникот на Ѓорѓија Пулевски, книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков, Абецедарот објавен пред сто години во Атина – се достапни во електронска форма на веб-порталот Дигитални ресурси на македонскиот јазик, креиран од Истражувачкиот центар за ареална лингвистика […]

Стотина изданија – монографии и зборници за македонскиот стандарден и дијалектен јазик, збирки стари текстови, речници, меѓу кои Тријазичникот на Ѓорѓија Пулевски, книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков, Абецедарот објавен пред сто години во Атина – се достапни во електронска форма на веб-порталот Дигитални ресурси на македонскиот јазик, креиран од Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) при МАНУ. Веб-порталот беше презентиран денеска во МАНУ, во рамки на промоцијата на „Македонски дијалектен атлас (од ризницата на картотеката лексички материјали)“.

Давор Јанкулоски од ИЦАЛ рече дека веб-порталот е централизирана дигитална платформа која обединува значителен број лингвистички ресурси поврзани со македонскиот јазик. Опфатени се сите речници, дигитални карти со текстуални записи, аудиоснимки од македонските дијалекти, трудови на странски слависти кои го проучувале македонскиот јазик и неговите дијалекти, уште од крајот на 19 век, дела за историскиот развој и граматики на македонскиот јазик, електронски верзии од едицијата 135 тома македонска книжевност, библиографија и слободен софтвер за пребарување на базата.

Јанкулоски посочи дека дигитализацијата на лингвистичките материјали во ИЦАЛ е почната во 2008 на иницијатива на академик Марјан Марковиќ, и најпрво биле дигитализирани и ставени на интернет стари и ретки книги. Рече дека базата се пребарува брзо и лесно и, по честите хакерски напади, сега е стабилизирана и безбедна со тоа што загубениот материјал е обновен од хард дисковите.

  • Базата години наназад беше цел на хакерски напади, но денес е целосно стабилизирана, безбедна и континуирано се збогатува. Од нејзиното објавување до денес пристапиле повеќе од 65.000 корисници – соопшти Јанкулоски.

Академик Марјан Марковиќ очекува дека веб-порталот каде што се најважните книги за македонскиот јазик ќе продолжи да функционира без проблеми откако, како што рече, „последните месеци МАНУ се соочуваше со големи хакерски напади на страницата, особено Дигиталните ресурси на македонскиот јазик“.

  • Додека имаше можности сето тоа се обновуваше, но при последните такви посилни напади беа токму најважните стари книги за македонскиот јазик, како Мисирков и Пулевски, беа трајно одземени и уништени. Исто така и од фондот на Конески – Граматиката, Историјата, поезиите… Може да кажеме дека имаше некаква цел токму тие најважни книги да бидат уништени. Јас не можам да апелирам МАНУ да вработи информатичар, тоа е исто како да побара астронаут да биде примен. Претседателството се обидува на разни начини и поентата е дека успеавме од тоа што ги имавме на тврди дискови да обновиме и да го поставиме на надворешен сервер, комерцијален, но сепак да си стои сето тоа во МАНУ – рече Марковиќ.

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Филипче се обидоа да му ја превземат приватната болница на Жан Митрев, ја направија Македонија рекетарска држава!

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на д-р Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска држава, а јавното обвинителство и институциите молчеле и им биле во служба, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

To top