Македонија

Фрчкоски откри дека екс премиерот Ковачевски барал инвалидска количка за болната сопругата во Обединетите Нации (ВИДЕО)

Го одби барањето на домаќинот од хумани причини да не зборуваат за болна жена

Најнови вести

 

Четириесет македонски деца минале пекол на 40 степени заради полски инспектори

 

 

Екс амбасадорот на Македонија во Обединетите Нации Љубомир Фрчкоски  откри дека екс премиерот Ковачевски барал инвалидска количка за болната сопругата во Обединетите Нации.

Во подкастот ,,На кавга со Иван” со Иван Мирчевски на Канал 5 Фрчкоски раскажува дека од кабинетот на екс премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски од него како амбасадор било барано да се набави инвалидска количка за сопругата на премиерот која била оперирана и не можела да оди за време на посета на Њујорк.

Од него било барано да се снајде но откако тој не успеал да се снајде македонската мисија во ОН каде тој беше амбасадор купила количка.

Фрчкоски во интервјуто го одбива барањето на Мирчевски од хумани причини да не зборува за болната жена на екс премиерот и раскажува како се одвивала комуникацијата.

Во еден момент Фрчкоски реторички и цинично прашува дали количката да ја купи од неговата плата.

Фрчкоски против кого сега по кривична пријава се води истрага за злоупотреба на пари во македонската мисија во ОН е еден од најискусните македонски политичари кој бил министер за внатрешни и за надворешни работи а во 2009 година доживеа дебакл на претседателските избори кога беше поразен од Ѓорѓе Иванов.

Делот од интервјуто за сопругата на Ковачевски е по 1 час и 41. минута од видеото

 

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top