Македонија

„Гардијан“: Десничари во САД веќе повикуваат на одмазда по убиството на Чарли Кирк, влијателниот сојузник на Трамп и порачуваат „Ова е војна!“

Роберт Пејп, кој го води Чикашкиот проект за безбедност и закани, напиша во „Њујорк тајмс“ дека анкетата што неговиот тим ја спроведе во мај била „најзагрижувачка досега“. „Околу 40 проценти од демократите ја поддржаа употребата на сила за отстранување на Доналд Трамп од претседателството, а околу 25 проценти од републиканците ја поддржаа употребата на војската за запирање на протестите против агендата на Трамп. САД стануваат буре со барут.“ – предупреди Пејп.

Почина Чарли Кирк, влијателниот МАГА-активист и близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, откако се уште неидентификуван човек пукаше врз него вчера околу пладнето, додека држеше говор во Универзитетот Јута Вали, во САД. „Пукањето врз коментаторот Чарли Кирк се случи во време кога низа настани покажуваат зголемено ниво на насилство, поврзано со политичко несогласување.“ – истакнува репортерката на британскиот дневен весник Гардијан Рејчел Линганг од Минеаполис, од САД, во својата анализа со наслов „Смртта на Чарли Кирк покажува дека политичкото насилство сега е карактеристика на животот во САД“ , која е објавена синоќа, на 10 септември 2025 година околу полноќта во „Гардијан“ веднаш по објавата на веста дека Кирк починал од здобиените повреди во вратот и обилното крвавење.

Натаму во анализата Линганг наведува: Пукањето врз конзервативниот коментатор Чарли Кирк на настан во Јута означува уште еден пример за тековното политичко насилство во САД, кое сега е карактеристика на американскиот живот. Американскиот претседател Трамп изјави: „Никој не го разбираше, ниту го имаше срцето на младите во Соединетите Американски Држави подобро од Чарли“.



Во кампусот на Универзитетот во Јута Вали, како дел од турнејата со говори наречена „Американско враќање“, Кирк доби прашање од еден член на публиката за масовните пукања, вклучително и колкумина биле вклучени транс лица, кога беше застрелан во вратот. Политичките склоности и цели на напаѓачот, кој не е во притвор, сè уште не се познати.

Кирк е еден од најистакнатите сојузници на американскиот претседател, а неговата организација, „САД на пресвртна точка“ („Turning Point USA“) помогна да се привлечат гласачи за Трамп и други републиканци. Тој е познат и по своите провокативни, честопати расистички и ксенофобични коментари, особено на универзитетските кампуси.

Оваа пукотница се случи во време кога серија инциденти во текот на изминатата година покажуваат зголемено ниво на насилство, поврзано со политички несогласувања, или со намера да се постигнат политички цели. Трамп се соочи со два обиди за атентат во 2024 година. Минатиот декември, напаѓач го уби директорот на „Унитед Хеалткаре“ („United Healthcare“). Домот на гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро беше запален во напад во април. Судиите и избраните функционери известуваат за зголемени закани и вознемирување. Неколку случаи на насилство произлегоа од спротивставувањето на војната во Газа. Во јуни годинава маж облечен како полицаец застрела и уби демократска пратеничка од Минесота и нејзиниот сопруг, а рани и друг државен пратеник и неговата сопруга. Вооружен човек го нападна седиштето на Центрите за контрола и превенција на болести во август, убивајќи еден полицаец.

Анкетите покажаа зголемено прифаќање на употребата на насилство за политички цели низ целиот партиски спектар. Роберт Пејп, кој го води Чикашкиот проект за безбедност и закани, напиша во „Њујорк тајмс“ дека анкетата што неговиот тим ја спроведе во мај била „најзагрижувачка досега“. „Околу 40 проценти од демократите ја поддржаа употребата на сила за отстранување на Доналд Трамп од претседателството, а околу 25 проценти од републиканците ја поддржаа употребата на војската за запирање на протестите против агендата на Трамп. Овие бројки се зголемија повеќе од двојно од минатата есен, кога поставивме слични прашања.“ – напиша Пејп.

„Сè повеќе стануваме буре барут.“ – изјави Пејп, нарекувајќи го сегашниот момент „ера на насилен популизам“. Американските пратеници се обединуваат за да го осудат пукањето во Чарли Кирк: „Отфрлете го политичкото насилство“. Осудите за пукањето дојдоа од целиот политички спектар. Пејп долго време тврдеше дека политичарите треба да се изјаснат против насилството, особено ако е поврзано со нивниот тим. Овие осуди се „исклучително корисни тука додека одиме напред, нема да спречат сè, но помагаат да се запре снежната топка.“ – рече тој.

Хасан Пикер, прогресивниот стример кој требаше да разговара со Кирк подоцна овој месец, во својот пренос во живо вчера рече дека неговото убиство е „застрашувачки инцидент“. „Ќе биде навистина загрижувачки одѕивот на луѓето, што бараат одмазда по овој насилен, гнасен инцидент.“ – предупреди Пикер. Последиците од смртта на Кирк би можеле да вклучуваат зголемено насилство и одмазда, при што некои десничарски личности веќе повикуваат на одмазда. На „Тик ток“, десничарскиот X профил, веќе е порачано: „Ова е војна!“ – се наведува во анализата на Рејчел Линганг, објавена во „Гардијан“.

Најнови вести од: Македонија

Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, рече претседателката на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“

На свеченоста во Музејот на македонската борба за самостојност, на која присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, министри, пратеници и општественици, таа подвлече дека Свети Климент Охридски, е нашиот најголем просветител и најверен ученик на Светите Кирил и Методиј. Споменот за охридскиот светител, рече таа, е врежан во колективната меморија не само на македонскиот народ, туку и на целото словенство.

Несими: „Бугари во устав“ е политички проблем, оти Бугарија ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја, а може да уследат и нови барања!

„Вклучувањето на Бугарите во преамбулата на уставот останува политички и историски проблем, бидејќи Бугарија продолжува да ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја. Поради оваа причина, вклучувањето на Бугарите во Уставот за дел од јавното мислење и политичкиот спектар е болно и неприфатливо, не поради бугарските граѓани во земјата, туку поради притисоците од Софија во текот на годините. Меѓутоа, историските можности не траат вечно. Тие бараат донесување тешки одлуки и политичка храброст. Ако избере С.Македонија овој пат да се колеба, тогаш ќе се изложи на опасност да ја пропушти можноста, за која никој нема да може да гарантира дека ќе се повтори некогаш.“ – наведува политичкиот аналитичар од Тетово Флоријан Несими во својата колумна со наслов „Историска можност, што не треба да се изгуби“.

Со остранувањето на билбордите, почна реконструкција на застарената Железничка станица во Скопје

Според директорот Железница Инфраструктура проектот за средување на железничката станица во Скопје ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

Најнови вести

To top