Македонија

Мицкоски: Политичките услови за отворање на Уставот не се исполнети (ВИДЕО)

Во моментот Владата не размислува за отворање на Уставот и политичките услови за тоа не се исполенти,  нагласи премиерот

Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“, Мицкоски рече дека Уставниот суд, најверојатно, веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон и изрази очекување дека набргу можеби ќе има готов документ и, како што напомена, кога ќе има политички услови, ќе биде донесен.

Како што рече, во овој контекст, неговото присуство на денешната тркалезна маса е силна порака.

„Претпоставуваме дека Уставниот суд веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон. Се надевам дека набргу од денеска може да се излезе со таков предлог-закон, да се има јавна дебата, да се чуе мислењето на јавноста и на стручната фела, да има готов документ и кога ќе има политички услови за такво нешто, да биде донесен, во моментот Владата не размислува за отворање на Уставот и политичките услови за тоа не се исполенти,  нагласи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top