Македонија

Гаши ја врати на доработка иницијативата за анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе ја врати на доработка иницијативата на СДСМ и Левица за формирање анкетна комисија што треба да ги испита околностите за трагедијата во Кочани.

Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе ја врати на доработка иницијативата на СДСМ и Левица за формирање анкетна комисија што треба да ги испита околностите за трагедијата во Кочани. Како што информираше Гаши на брифинг, во поднесениот предлог било утврдено дека мнозинството во комисијата му припаѓа на опозицискиот блок, што е спротивно на собранискиот Деловник.

Според член 3 од иницијативата, предложениот состав на комисијата е:
– 4 членови од СДСМ,
– 4 од ДУИ,
– 1 од Левица,
– 3 од ВМРО-ДПМНЕ,
– 2 од Вреди и
– 1 од ЗНАМ.

Гаши се повика на член 124 од Деловникот, според кој сите работни тела, вклучително и анкетните комисии, мора да имаат состав пропорционален на парламентарниот распоред на сили. Тоа значи дека мнозинството во комисијата го има власта, додека претседателот се избира од редовите на опозицијата. Бидејќи ова правило не е испочитувано, иницијативата е вратена на доработка.

Инаку, предлогот за анкетна комисија беше поднесен минатата недела од 20 пратеници на СДСМ и Левица. Власта соопшти дека ја прифаќа идејата за формирање вакво тело, но најави дека ќе бара проширување на надлежностите и со други трагедии – пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуските несреќи на „Беса транс“ и „Дурмо турс“.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top