Македонија

Гаши: Наследството на Св. Климент ги надминува верските и етничките граници

Овој ден нè потсетува дека вложувањето во образованието, културата и знаењето е најсилниот темел врз кој се гради стабилна, праведна и демократска држава

facebook.com/AfrimGashiAlternAtivA

Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ. Неговото наследство е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и претставува симбол на знаењето и напредокот.

Овој ден нè потсетува дека вложувањето во образованието, културата и знаењето е најсилниот темел врз кој се гради стабилна, праведна и демократска држава.

Во тие вредности препознаваме заедничка цел – силно, обединето и перспективно општество за сите граѓани“, вели Гаши во честитката до македонските граѓани.

Спикерот на Собранието порача и дека празникот треба да биде поттик за уште поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување.

„Честит 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски!“, се наведува во честитката на претседателот на Собранието Африм Гаши.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

To top