Македонија

Го оспори ли СДСМ континуитетот на Македонија со Гоце Делчев и Илинденското востание?

Предходно неискусните стратези на Бихаќка беа демантирани од ЕУ а влегоа во конфликт со Велика Британија, САД и Израел.

СДСМ со своето соопштение од завчера отвора дилема дали ги отфрла Гоце Делчев и Илинденското востание затоа што се случиле во време на Османлиското владеење со Македонија.

Во обид да го нападнат својот дологодишен функционер и градоначалник на Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ, од Бихаќка му оспоруваат континуитет на политичкото движење кое се случило во Отоманската империја.

Со тоа СДСМ индиректно ги оспоруваат и Гоце Делчев и сите македонски револуционери и нивни партии и движења но и Илинден затоа што се случиле во време на Османлиското владеење со Македонија.

За СДСМ е смешно и го обвинува Саша Богдановиќ затоа што корените на својот политички субјект ,,Српска лига” ги наоѓа во партија со исто име која функционирала во 1908 година.

При тоа од СДСМ иронично прашуваат дали Богдановиќ има континуитет со нешто што се случувало под Турците и со тоа отвораат дилема дали Македонија треба да се откаже од континуитетот од Гоце Делчев и Илинденското востание затоа што тие се случиле во времето на Османлиите.

,,Ова здружение го прави, повторно отпадник од СДСМ и до неодамна соработник на здружението ЗНАМ – Саша Богдановиќ.

Најсмешно е што човекот зборува за континуитет со партијата „Српска лига“ од 1908 година, која постоела неполна година во тоа време.

Тој има континуитет со нешто што постоело во време на Турците”, стои во соопштението на СДСМ од каде што не знаат дека со употреба на Турци наместо Османлии се навредуваат Турците во Македонија и во Турција.

Предходно неискусните стратези на Бихаќка беа демантирани од ЕУ а влегоа во конфликт со Велика Британија, САД и Израел.

По нападот на СДСМ врз Лондон, Пендаровски ги нападна САД и Израел

ЕУ го демантира СДСМ, пораката од Кос не е за Македонија

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top