Македонија

Ги суделе како Македонци а не признаваат дека постоеле

Според објавениот судски документ не само што биле признати како Македонци туку биле и судени како такви

За Македонците од Пиринска Македонија, 1948 година беше една од најстрашните години по Втората светска војна, објави партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин.

Во текот на оваа година, околу осумдесет Македонци беа брутално убиени или осудени на долгогодишен затвор, а неколку стотици беа интернирани затоа што сакаа обединување на Македонија. Некои од нив беа дел од одредот на Герасим Тодоров, а друг дел беа нејзини помагачи.

Во пресудата јасно се гледа дека сите осудени се Македонци

,,Ви претставуваме транскрипт од пресудата на седуммина од нив, кои не се познати на пошироката јавност. Во нивното обвинение се наведува дека се МАКЕДОНЦИ”, објавува ОМО Илинден Пирин:

⚖️ Од пресуда бр. 431 под NOHD бр. 500 / 1948 година
според пописот на Горноџумајскиот регионален суд
🚩 СПАС АТАНАСОВ УГРЕНОВ
на возраст од 50 години, роден и живее во Влахи;
🚩 ТЕОФИЛ ЗАХАРИЕВ ТОДОРОВ
на возраст од 26 години, роден во Влахи, живее во Гара Пирин;
🚩 ИВАН ЈАНУШЕВ ЧАКАРОВ
на возраст од 62 години, роден и живее во Сенокос;
🚩 ЈОРДАН АТАНАСОВ ТАСЕВ
на возраст од 39 години, роден во Влахи, живее во Гара Пирин;
🚩 ЛАЗАР ХРИСТОВ ТОПАЛСКИ
на возраст од 36 години, роден во Оштава, живее во Крупник;
🚩 СТОЈАН ГЕОРГИЕВ МАЛАМОВ
на возраст од 39 години, роден во Влахи, живее во Гара Пирин;
🚩 ГЕОРГИ ВАСИЛЕВ КОВАЧЕВ
на возраст од 23 години, роден во Оштава, живее во Гара Пирин
СИТЕ МАКЕДОНЦИ, писмени, неосудени, женети (освен последниот),

ВИНОВНИ дека во различни периоди во втората половина на 1947 година и почетокот на 1948 година на различни начини помагале на организација и група според чл. 1 од ЗЗНВ — осуден на 10 години строга самица, лишен од права 12 години,

конфискација: (1) од 42 илјади турски златни лири, 7 златни наполеони, 2 златни италијански лири и 1 златна австриска марка, депонирани на чување во Бугарската народна банка – Свети Врач со депозитен сертификат бр. 6869 од 15 јуни 1948 година; (2), (3), (4) – по 100 илјади лева; (5), (6), (7) – по 50 илјади лева.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

To top