Македонија

Ѓорѓиевски ќе го крати бројот на членови на надзорните и управните одбори, но и надоместоците

Во минатото, се исплаќале месечни надоместоци дури и во услови кога седници воопшто немало, вели градоначалникот на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потсети дека ќе следи период на штедење и намалување на неродуктивните трошоци.
Тој синоќа на социјалните мрежи објави дека се намалува висината на надоместокот за членовите на управните и надзорните одбори, но и бројот на членови во тие одбори.
„Ја намалуваме висината на надоместокот за членовите на управните и надзорни одбори, го кратиме и бројот на членови
Јавното управување мора да биде одговорно, рационално и насочено кон интересот на граѓаните.

Затоа, на денешната седница на Советот на град Скопје, која продолжува и во вечерните часови, донесовме важна одлука со која ја намалуваме висината на надоместокот за членовите на управните и надзорни одбори и го кратиме нивниот број.Оваа промена е исправка на неправилностите што со години се повторувале.

Во минатото, се исплаќале месечни надоместоци дури и во услови кога седници воопшто немало.

Тоа создаваше непродуктивни трошоци кои граѓаните ги плаќаа, вели градоначалникот во објавата на Фејсбук.

„Со новата одлука, надоместок ќе се исплаќа само тогаш кога навистина ќе се одржи седница.
Исто така, ги намалуваме и износите, па наместо 12.000 денари за претседател и 10.000 денари за член, новите лимити изнесуваат 10.000 и 8.000 денари.

Паралелно, го редуцираме и бројот на членови во управните одбори.Таму каде што некогаш имало и по 14 членови, бројката се ограничува на седум.

Ова е уште еден од чекорите со кои ги кратиме непродуктивните трошоци и воспоставуваме ред во работењето на Град Скопје.
Времето на „како досега“, завршува.
Почнуваме нова практика, со транспарентно, ефикасно и домаќинско управување, какво што скопјани одамна заслужуваат“, објави тој.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top