Македонија

Ѓорѓиевски: Од утрово засилено се чисти сметот во Скопје

Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот, објави на Фејбук кандидатот за градоначалник на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски соопшти дека од раните утрински часови се чисти сметот во Скопје за да не се загрози здравјето на скопјани.

Тој, бо објава на Фејсбук изрази огромна благодарност на општините Куманово, Кавадарци, Илинден , Зелениково Сопиште и за општествено одговорните компании кои помагаат во оваа акција.

„Добро утро Скопје, честит празник Македонијо!

Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот. Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ да се загрози здравјето на нашиот народ. Затоа, преземаме во свои раце. А за неколку дена од сега, по преземањето на функцијата градоначалник на Скопје – ова ќе биде минато. Го имате мојот збор! Скопје за 72 часа ќе биде чисто!“, објави на Фејсбук Ѓорѓиевски.

 

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top