Македонија

Ѓорѓиевски: Вардар е брендот на градот , ќе има сериозни вложувања и поддршка

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во подкастот „Проверитас“, каде што зборуваше за спортскиот брендот на градот, Вардар.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во подкастот „Проверитас“, каде што зборуваше за спортскиот брендот на градот, Вардар.

Тој најави дека неговата програма предвидува системска и финансиска поддршка за спортскиот симбол на градот, но и лична поддршка преку присуство на трибините секогаш кога ќе има можност, со што испраќа јасна порака дека ќе биде и партнер и навивач на Вардар.

Вардар е брендот на градот во кое што  јас ќе имам сериозни вложувања и поддршка како градоначалник, и за фудбалскиот клуб и за ракометниот клуб. Нешто на кое што сериозно ќе се посветам. Без разлика кој сум и сум што сум за мене Вардар е посебна емоција и кога можам секогаш ќе бидам присутен на нивните натпревари да ги бодрам.“ -истакна Ѓорѓиевски.

Со оваа порака, Ѓорѓиевски испрати јасен сигнал дека спортот ќе биде еден од неговите приоритети во идното работење, а Вардар – како симбол на скопскиот и македонскиот спорт – ќе добие поддршка што ќе ја врати гордоста на клубот и навивачите.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top