Македонија

Гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска се нелуѓе, демони, подлеци, зли никаквеци а министрите на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ идиоти – тешки навреди од Фрчкоски

И министрите на ВЛЕН и ЗНАМ ги прогласи за идиоти

Во обидот да докаже дека ВМРО-ДПМНЕ како десница е штетна за Македонија професорот Љубомир Фрчкоски дава тешки и навредливи квалификации за 430 илјади гласачи кои на последните избори гласаа за оваа партија и за 560 илјади гласачи кои гласаа за претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Своите навреди Фрчкоски ги упатува кон секој втор одреден гласач кој според последните анкети на следните локални избори ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ.

За Фрчкоски кој сега се наоѓа под истрага за злоупотреба на парите од амабасадата на Македонија при ОН во Њујорк  на него тие се нелуѓе, демони, разорени, подли, зли никаквеци…

Фрчкоски во својата најнова колумна дава и свои навреди но користи и делови од тези на автори преку кои Македонците ги нарекува инфантилни:

,,Авторитарниот популизам на македонската заробена толпа со која десницата манипулира е изграден врз инфантилниот став кон авторитетот со кој луѓето од толпата сакаат да се стопат, да исчезнат, создавајќи илузија дека учествуваат во нешто големо, во неговата моќ. Таквата јавност сака илузии, сака виновници и во пресекот на тие два вектора се наоѓа полето на нејзиното уживање (Лакан/Жижек)”.

 

,,Во таква состојба (ако потрае) на изгубен морален компас, човекот од десната толпа паѓа под нивото на човештината но не станува животно, туку не-човек, демон, корумпирано битие, разорен, подол, зол никаквец.

 

Ако веќе треба да го мирисаме својот идентитет како потез на мирисање на својата под-мишка , тогаш тоа треба да биде поинаков идентитет: идентитет на нашите уникатни својства и релации со самите себе, низ акција на разликување и раздружување со тоталитарната идентитетска матрица. Идентитетот не е нужно етичко правило туку се создава во анти-системски отпор.Така се само-одредуваме и пре-создаваме минувајќи низ другоста со дарежлива воздржаност (Ж.Л.Нанси). Тогаш и само тогаш нашата заедница има шанси како хетеротопија, а нејзината историја станува флуиден архив на тивки визии.

 

Инаку историјата на Македонија и Македонецот/ката бараат многу од споменатата воздржаност, која десницата ја нема и нема капацитет да ја сознае”, пишува Фрчкоски.

 

Екс амбасадорот и министер на СДСМ меѓу редови членовите на владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ги нарекува идиоти.

Фрчкоски смета дека имаме држава која можеме да ја изгубиме, без било кој да се потресе поради тоа, ако нè предводат идиоти. Независно што за момент тие ни делуваат како забавни непретенциозни дегенерици кои залутале во политиката, пишува Фрчкоски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top