Македонија

Гневот кон Дејан Јованов – Деко е огромен и оправдан, сепак дали судот ќе остане доследен или ќе подлегне кон оправданата „жед за крв“?

Во судницата во Идризово денеска почна судењето за пожарот во дисктотеката Пулс што се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Во судницата во Идризово денеска почна судењето за пожарот во дисктотеката Пулс што се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Родители и блиски на загинатите во кочанската трагедија уште рано утрово се пред судницата во најголемиот затвор во Идризово и чекаат да почне едно од најголемите судења.Блиските на загинатите се најгневни на сопственикот на дискотеката Дејан Јованов -Деко. Кој беше донесен од притвор од Куманово под силно полициско обезбедување, а родителите го нарекуваа монструм и парољубец.

Едно е сигурно.Судот ќе биде пред голем тест на јавноста дали ќе ја премине линијата меѓу утврдување на вистинската одговорност наспроти „жедта за крв“, односно дали ќе донесе аргументирана судска одлука што ќе одговори на очекувањата и на јавноста и на правната фела.

На судењето се присутни повеќе од 50 родители на загинатите во пожарот и 30-ина домашни медиуми. Акредитирани се и странски медиуми како БМТ, ТРТ, Франспрес, Ројтерс, Асошиејтед прес, Анадолија и други.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top