Македонија

Го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не одговара на прашања и веднаш одби да одговори за голем скандал (ВИДЕО)

Зошто лидерот на СДСМ избега од прашање на својата прес конференција

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека одбива да одговори на повеќе важни прашања.

 

Само неколку минути откако Филипче го објави своето обвинување за ВМРО-ДПМНЕ доби прашање од новинар кој го праша за скандалозниот случај кој беше објавен во ,,Шоуто на Богдан Илиевски”.

Прашањето на новинарот се однесуваше на коментар од Филипче за случајот во кој обвинителството една недела откако почнал прогонот кон Жан Митрев донесло одлука да се укине мерката за продажба на ,,Клиниката Жан Митрев”.

Истовремено обвинителство ја оставило во сила одлуката за замрзнување на сметките на Жан Митрев со што ја блокирала болницата.

Филипче наместо да одговори го навредува новинарот дека шири вмровска пропаганда и бега од прес конференцијата.

 

Прашањето кое што е многу легитимно на Филипче му е поставено во 9 минута.

 

Поврзани вести

 

Заев и Филипче сакале да добијат сопствеништво врз болницата „Жан Митрев“(ВИДЕО)

 

Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи бара Стојановски

Најнови вести од: Македонија

To top