Македонија

Годишнина од херојската смрт на Ѓоко Лазаревски на браникот на родниот Лешок и Македонија

Навршија 24 години од загинувањето на полицискиот резервист додека го обезбедуваше повлекувањето на соселаните под оган од терористите на ОНА

На денешен ден во 2001 година својот живот на олтарот на татковината Македонија го положува еден од нејзините најхрабри синови во поновата македонска историја – полицискиот резервист Ѓокица Ѓоко Лазаревски.

Учесникот во југословенските војни претходно како војник на ЈНА во Вуковар, заедно со четворица соборци, препуштени сами на себе, успешно ги евакуираат селаните од родниот Лешок во соседното Жилче, одбивајќи ја наредбата за повлекување од полицискиот пункт.

По неколкудневна нерамноправна битка со далеку побројниот непријател од терористичката ОНА, бранејќи ги неродениот син, соселаните и Лешочкиот манастир, 30-годишниот Ѓоко загинува на 23 јули 2001 година во 16 часот, погоден во главата од рафал.

Терористите потоа влегуваат во селото и ја креваат во воздух главната манастирска црква „Свети Атанасиј“.

Поради неможноста да биде погребан во родниот Лешок, што тешко ја погоди неговата мајка, вечното почивалиште на македонскиот херој е на гробиштата во Општина Ѓорче Петров.

„Не ве остава Ѓоко вас“ е последната порака од јунакот што во 2012 година постхумно е одликуван со медал за храброст од тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Лазаревски зад себе остави сопруга и син што не го дочека, а во 2014 година доби споменик во родниот Лешок.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top