Македонија

Изгаснат голем пожар што избувна во куќа во Кочани

Пожарот изби во улица во густо населен дел од градот поради што постоеше опасност огнот брзо да се прошири на соседните куќи

 

Пожарот кој избувна денес попладне пред 14 часот во куќа на улицата Браќа Ставреви во Кочани,  е изгаснат при што тројца лица се хоспитализирани поради вдишување на чад.

Тие се надвор од животна опасност.

Од видеата што ги објави Радио Кочани на Фејсбук, се гледа дека на терен на  улицата „Браќа Ставреви“ се интервенирало со две противпожарни возила.

Овој дел од улицата е густо населен со куќи, што се залепени една до друга. Затоа постоеше опасност огнот брзо да се прошири и на другите куќи.

Според неофицијални извори, како што пренесува МИА, огнот од едната куќа се префрлил на соседната. Сепак, тој е локализиран и е спречено да не се прошири на околните објекти.

Од запалената куќа, пожарникарите успеале да извлечат повозрасна жена, која според првичните информации, не се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top