Македонија

Голем пожар кај Долани и Љуботен: Огнот се шири кон борова шума, пожарникарите на терен

Во пожарот едно лице се здобило со минимални изгореници. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица, информираат од Центарот за управување со кризи.

Попладнево на бројот 112 бил пријавен пожар во атарот на селото Долани, Општина Штип, по што ТППЕ – Штип веднаш интервенирала со две екипи.

  • „Пожарот избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен. Од страната кон селото Долани, со помош на трактори биле изорани заштитни појаси, по што огнот бил ставен под контрола и изгаснат, без опасност од негово ширење кон населеното место. Во моментов, пожарот се шири во правец кон селото Љуботен, каде што гори сува трева, нискостеблеста и борова шума.

Во гаснењето и локализирањето на пожарот ангажирани се едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, една работна машина (скип) од ЈП „Стипион“ – Штип, четири трактори, како и екипи на полицијата и Итната медицинска помош.

  • Во пожарот едно лице се здобило со минимални изгореници. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица“ информираат од Центарот за управување со кризи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top