Македонија

Ѓорѓиевски: Возачите на возилата на јавните претпријатија сами ќе си ја плаќаат казната за сторен прекршок

Доколку возач помине на црвено или надмине брзина, казната нема да оди на сметка на претпријатието

Возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на останатите јавни претпријатија во Скопје отсега самите ќе го сносат трошокот за сообраќајните прекршоци, порача, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој појасни дека доколку возач помине на црвено или надмине брзина, казната нема да оди на сметка на претпријатието.

„За да се стави крај на нередот и злоупотребите, градот воведува модерни системи за контрола.

Возилата нема да можат да стартуваат без картичка од возачот, за точно да знаеме кој управува во секој момент. Доколку не може да се утврди возачот, одговорноста ќе ја сноси шефот на возниот парк“, појасни Ѓорѓиевски.

Покрај сообраќајната дисциплина, градот ќе инсталира и специјални мерачи на гориво и GPS-уреди.

Системот веднаш ќе алармира доколку се забележи потрошувачка поголема за само еден литар, со цел да се спречат долгогодишните злоупотреби и кражби на нафта од тешката механизација и автобусите.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top