Македонија

Градоначалниците од Скопје повторно заеднички договараат проекти, заради навремено и системско решавање на проблемите во градот

Еден од најзначајните и најдраги проекти што се најавуваат е Луна Паркот. По децении чекање, процесот конечно ќе започне, овозможувајќи им на најмладите долгоочекувано место за забава и рекреација, соопштува Град Скопје.

По повеќе од три години застој, денес во просториите на Град Скопје се одржа првата седница на Координативното тело на градоначалници. Со повторното активирање на ова тело се воспоставува редовна и функционална пракса на координација меѓу сите општини, со цел навремено и системски решавање на проблемите во Скопје, соопшти градската управа.

Градоначалниците договорија заеднички пристап во креирањето на Буџетот на Град Скопје и во дефинирањето на приоритетите, со што ќе се овозможи поефикасно решавање на наталожените предизвици, но и подобра усогласеност во реализацијата на нови проекти од интерес на граѓаните, порачува Град Скопје.

„Состојбите што ги наследи Градот беа критични – нарушена финансиска стабилност, нефункционални јавни претпријатија и нерешени комунални проблеми. По преземените мерки, ситуацијата е стабилизирана и ставена под контрола. Ги расчистивме големите и малите диви депонии, градот е значително почист, а јавните претпријатија кои со месеци немале примено плата во меѓувреме се консолидирани со уредени здравствени и пензиски придонеси“, се вели во соопштението.

Започнати се и тендерски постапки за клучни проекти предвидени во програмата: решавање на проблемот со Лимак, изградба на кружниот тек во Ѓорче Петров, стабилизација на водниот притисок во високите зони и серија други инфраструктурни и комунални зафати што директно ќе го подобрат животот на скопјани. 
Паралелно, Градот спроведува акција за отстранување на времените објекти кои го узурпираат јавниот простор. „Целта е јасна – ослободување на тротоарите, уреден јавен простор и безбедно движење на пешаците“, се вели во соопштението.

„Следува многу работа и многу посветен труд. Ќе работиме дисциплинирано, координирано и со јасна цел – подобро Скопје за сите граѓани. Најдоброто допрва доаѓа“, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Лефков: Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт

„Специјалниот бугарски пратеник Филипче е подготвен да истурка уставни измени, сметајќи дека така ќе дојде на власт.“ – истакнува пратеникот од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

Костадиновски: Нема „левица“ да ми ја креира криерата

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Дарко Костадиновски, реагираше на соопштението на политичката партија Левица, истакнувајќи дека нема да коментира политички ставови, но чувствува обврска да одговори на, како што наведе, личните дисквалификации и навреди упатени кон него.

Во Истанбул ќе се одржи бизнис форум за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција

Овие настани претставуваат дел од пошироките напори за промоција на економските потенцијали на земјата и привлекување нови странски инвестиции преку директна комуникација со меѓународната бизнис-заедница.

Мицунски: „На Западен Балкан му е потребен европски пат, а не на постојано одложување“

„Проширувањето веќе не е само технички пристапен процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан“, им предочи шефот на македонската дипломатија

To top