Македонија

Грчева: Овие од СДС навистина немаат три чуки во главите

Експратеничката ја критикува својата бивша партија за описот на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ како „конгрес на децата на Орбан“

Некогашната пратеничка на СДСМ, Солза Грчева, сега лидер на Глас за Македонија, го коментира тоа што нејзината бивша партија го опиша Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ како „конгрес на децата на Орбан“.

Овие од СДС навистина немаат три чуки во главите.

Прво, го навредуваат Виктор Орбан, кој јасно се бори за мир во Украина, а не за војна ‘до последен Украинец’.
Второ, тој е еден од ретките политичари, ако не и единствен од Југоисточна Европа, кој има непречен влез (и повластици) кај Трамп.
Трето, тоа што е за многу прашања осамен (сè помалку) во ЕУ, не значи дека не е во право. Напротив, секој ден се покажува дека е.
Впрочем, во секоја средина, бројот на приглупи е поголем од тој на умните. А тој е умен политичар.
И од каде го замешаа Груевски со конгресов?
Не бре брате. СДС остана да тапка на една ниска скала во еволуцијата. До здравомислечки човеци тешко ќе стигнат. Впрочем, така е со сите вазали“, напиша Грчева на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

To top