Македонија

Грчки пратеник бара Атина да реагира за Македонци во Германија

Македонците во Германија воделе пропаганда што промовира „псевдо-македонски идентитет“

Андреас Ворилас, пратеник на партијата Ники побара владата во Атина да реагира за користењето на Сонцето од Кутлеш од страна на Македонци во Германија.

Ворилас важи за радикален грчки политичар кој има цврст став за македонското прашање при што негира постење на Македонци различни од Грците.

Пратеникот поднесе пратеничко прашање од говорницата на грчкиот Парламент до министерот за надворешни работи, истакнувајќи наводен проблем во Германија, поточно во Хановер каде работи училиште кое има настава македонски јазик а е поврзано со македонскиот клуб „Илинден“.

Според Ворилас употребата на Сонцето од Кутлеш или Вергина на грчки од Македонците во Германија е пропаганда што промовира „псевдо-македонски идентитет“.

Ворилас ги карактеризира овие дејствија на Македонците како пропаганда и фалсификување на историјата.

Тој бара од грчката влада да реагира дипломатски, бидејќи верува дека ваквите активности во Европа и Германија го поткопуваат грчкото историско наследство и грчка Македонија како исклучиво грчка.

Ова е дел од општиот став на партијата Ники која не признава според нив, неоснован „македонски“ национален идентитет, јазик и симболи што припаѓаат на грчката историја како на пример Александар Велики, Филип, Сонцето од Вергина. Ворилас е прилично активен пратеник кој често го покренува ова прашање во Парламентот и во медиумите.

Грчкиот пратеник што ги оспорува Македонците доби одговор

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top