Македонија

Грција ја предупреди Македонија да не се самонарекува така ни дома!

МНР на јужниот сосед реагира на изјавата на Мицкоски дека ефективно ја вратил употребата на „Македонија“ на домашно ниво

Министерството за надворешни работи на Грција ја предупреди Македонија доследно да го почитува Преспанскиот договор во делот на употребата на државното име, реагирајќи на изјавите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека ефективно ја вратил употребата на „Македонија“ на домашно ниво.

Грчкото МНР нагласува дека договорот од Нивици „е дел од Уставот на Северна Македонија и е целосно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво“.

Министерството потсетува дека уставното име на северниот сосед е експлицитно дефинирано во член 1 од Преспанскиот договор и предупреди дека „секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот никогаш нема да биде прифатен од грчката страна“.

Во реакцијата се додава и дека договорот „е дел од меѓународното право, а неговото почитување е основа на мирниот соживот на луѓето и на државите“.

„Во меѓународните договори нема фактички ситуации; нивното спроведување е униформно и универзално“, соопшти Министерството, истакнувајќи дека напредокот во билатералните односи и патот на Македонија кон ЕУ „бараат строго почитување на договорите и почитување на принципот на добрососедски односи“.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top