Македонија

Гребенаров: Ако продолжи трендот со бугарските пасоши, тогаш Македонците ќе бараат место во Уставот!

Според бугарскиот историчар, 250 илјади граѓани на Македонија имаат државјанство и на Бугарија

Бугарскиот професор и историчар Александар Гребенаров „изброи“ 250.000 македонски граѓани со бугарски пасош, поради што на Македонците им предвиде дека ќе се нашле во ситуација да бараат место во македонскиот устав како Бугарите сега?!

„За период од 10 години 216 илјади македонски граѓани добиле бугарски пасоши, каде што признале дека имаат бугарска свест. Мислам дека има 250 илјади македонски граѓани со бугарски пасоши. Ако овој тренд продолжи, тогаш Македонците ќе се борат за своето место во Уставот во ‘морето’ исполнето со Албанци и Бугари“, изјави Гребенаров во интервју за Љајм ТВ.

Според него, Македонија мора да го почитува т.н. Француски предлог, бидејќи самата го одобрила.

„Северна Македонија е должна да го почитува Францускиот предлог, тој документ беше прифатен како таков, го потпишаа поранешните министри за надворешни работи од тоа време, г-ѓа Генчовска и г-дин Османи. Не сакам да навлегувам во историски детали, но Македонија во Средниот век се нарекувала ‘Долна Бугарија’, а просветителите познати на историјата зборувале и пишувале на бугарски јазик, бидејќи во тоа време немало ниту Македонија ниту Македонци. До Првата светска војна термините ‘Македонија’ или ‘Македонци’ отсуствуваат од историјата“, додаде Гребенаров од Македонскиот научен институт од Софија во интервјуто водено од поранешниот претседател на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.

 

 

Најнови вести од: Македонија

ТИТАН Усје: Повеќе од еден месец сме цел на неосновани напади – не сме причина за загадувањето и фактите го потврдуваат тоа

Целосно неаргументирано и тенденциозно продолжува нападот кон нашата компанија. Овие напади, покрај тоа што не се базирани на аргументи, се и во насока на извртување на вистината. ТИТАН Усје како транспарента компанија, во интерес на вистината потенцира дека целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот, но тенденциозните и неаргументирани обвинувања не придонесуваат ниту малку […]

To top