Македонија

Артан и Перпарим ја „олеснија Лотарија“ за три милиони евра

„Додека Бајрами и Груби ја испокрадoа Лотарија и избагаа, СДСМ молчеше само за коалиционен мир и да ќари ден повеќе на власт

Криминалниот тандем на СДСМ и ДУИ довел до милионски криминал во Лотарија, посочувајќи ги како главни актери екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер кој е во бегство, Артан Груби, соопшти ВМРО-ДПМНЕ..

„Додека Бајрами и Груби ја испокрадoа Лотарија и избагаа СДСМ молчеше само за коалиционен мир и да ќари ден повеќе на власт.

Бајрами и Груби во „Лотарија“ правеле што сакале, брутални докази за недостатоците и недоследностите во институцијата има и во извештајот на ДЗР.

Во извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за ‘мали добивки’ на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна.

Исто така ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси.

Понатаму, ДЗР преку увид во трговските книги и анализи на податоци од централниот онлајн систем и платформата за интернет игри, утврдила дека се нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од 123 милиони денари.

Бајрами и Груби оставиле спорна документација за над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра„ се вели во соопштението од ВМРО ДПМЕ.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top