Македонија

Хеликоптер и Ер-трактор во борба со пожарот во фабрика во Трубарево

Во скопското село Трубарево во моментов беснее огромен пожар кој ги зафати објектите на Ф – ГРУПАЦИЈА која се занимава со електронски отпад

Во скопското село Трубарево во моментов беснее огромен пожар кој ги зафати објектите на Ф – ГРУПАЦИЈА која се занимава со електронски отпад. Големи облаци црн чад се издигнуваат над метрополата и се забележуваат од повеќе скопски населби.

Во гаснењето се вклучени голем број екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, хеликоптер на МВР, хеликоптер на АРМ, исто така е ангажиран еден „ер трактор“ за дополнителна помош од воздух.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, изјави дека пожарот бил пријавен во 13:38 часот преку бројот за итни повици 112.

– Во текот на денот, во 13:38 часот, преку единствениот број за итни повици 112 беше пријавен пожар во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Пожарот за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири и на неколку околни објекти – рече Али.

Тој додаде дека веднаш воспоставил координација со службите за кризи и ги информирал надлежните институции за состојбата на терен.

– Од страна на операторот ЕВН беше побарано итно исклучување на електричната енергија, со цел да се овозможи безбедно гаснење на пожарот, вклучително и со употреба на воздухопловни средства – нагласи директорот на ЦУК.

На терен се ангажирани шест противпожарни возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со повеќе од десет пожарникари, како и специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

Најнови вести од: Македонија

Ченто со честитка и порака до Савески: Да се исправат неправдите, Македонија мора да излезе од правното мочуриште и да стане вистинска правна држава!

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април 2017 година, му упати честитка на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, изразувајќи очекување за суштински промени во функционирањето на обвинителството. „Македонија не смее да остане заробена во неправда“, нагласи Јане Ченто.

Савески: Секој обвинител има законска обврска да се постапува по тековните предмети, нема да има приоритетни предмети, а партиите не се мој интерес!

„Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Нивната работа ниту почнува, ниту завршува со мене. За мене секој предмет има ист интерес, нема да има приоритетни предмети. Ја гарантирам отчетноста и транспарентноста на секој јавен обвинител за секој предмет.“ – нагласи новиот државен обвинител на Република Македонија Ненад Савески денес при давањето на свечената заклетва во Собранието на Република Македонија.

Директор на ЈП од Струмица 47 пати ја злоупотребил службената положба

Пријавениот директор на ЈП „Комуналец“ – Струмица, во текот на 2022 и 2023 година донесувал одлуки за исплата на надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие

To top