Македонија

Херој на денот: Дени М. нашол торбичка со пари и документи и ја вратил на сопственикот

Херојот на денот Дени М. не сакал да земе награда за доброто дело

Херој на денот на празникот Прочка е скопјанецот Дени М.

Тој во текот на утрото пронашол торбичка со пари во која имало пари, клучеви и документи по што нашол начин да ги врати на сопственикот.

Сопственикот го нашол преку социјалните мрежи. Откако видел дека со лицето кое ја загубило торбичката има заеднички пријатели на Фејсбук, истиот го контактирал по што дошол до контакт со него.

На примопредавањето на парите, клучевите и документите во населбата Топанско Поле било утврдено дека од торбичката не недостасува ништо.

Херојот на денот Дени М. не сакал да земе награда за доброто дело.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top