Свет

Уште три танкери налетале на мини во Ормускиот Теснец

Иранската револуционерна гарда упати предупредување дека американската воена придружба не ги ослободува пловилата од обврската да ги почитуваат поморските прописи и упатствата

Три нафтени танкери се запалија откако удрија во поморски мини во Ормускиот теснец, соопшти во понеделникот иранската Исламска револуционарна гарда (ИРГ). Тие дополнително наведоа дека преминот на пловилата бил овозможен од страна на Морнарицата на Соединетите Држави.

Според државната новинска агенција ИРНА, пловилата се движеле спротивно на утврдените прописи.

Во соопштението се наведува дека американската поддршка „не успеала да ги спречи инцидентите“.

„Ормускиот теснец не е место за тестирање неовластени рути или за игнорирање на поморските предупредувања“, изјавија од ИРГ.

Тие упатија предупредување дека американската воена придружба не ги ослободува пловилата од обврската да ги почитуваат поморските прописи и упатствата издадени од центарот за контрола на сообраќајот на морнарицата на ИРГ.

Централната команда на САД не одговори на иранските тврдења. Оваа информација не можеше независно да се потврди.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top