-Секогаш останува опасноста од индивидуални насилства, кои ние заедно со МВР и БЈБ во рамки на нашите надлежности и овластувања ги следиме, за да спречиме какви било активности, кои може да ги нарушат јавниот ред и мир и националната безбедност, изјави Христовски.
САД издаде предупредување, со кое ги повикува на внимателност нивните државјани / туристи во Бугарија.
-Големите собири и јавните настани можат да претставуваат можност за терористички групи и криминалци. Терористите – вклучувајќи ги и самостојните актери – можат да нападнат со мало или без никакво предупредување, таргетирајќи туристички локации како што се пазари, транспортни центри, трговски центри“, се наведува во предупредувањето од американската амбасада во Бугарија.