Македонија

Хрватска врати шлепери полни со македонски отровни пиперки наменети за европски пазар

Од македонските ниви, 15 илјади килограми црвени пиперки со високо ниво на пестицидот метомил стигнале на хрватскиот пазар. Европскиот систем за безбедност на храната објави дека пиперките се повлечени. Употребата на овој пестицид е забранета, а инспекциите вршат контрола кај производителите.

Хрватските фитосанитарни власти повторно алармираа за небезбедност на земјоделски производ од Македонија, откако пред неколку дена на границата беше запленет и уништен контигент црвени пиперки-ајварки во кои било откриено присуство на опасниот инсектицид метомил, во количество што ги надминува дозволените граници, пренесе Пари.мк. Според податоците објавени од хрватските портали анализите покажале дека овие пиперки претставуваат ризик по здравјето на потрошувачите, поради што целата пратка била повлечена и уништена.

Европски систем за безбедност на храната (RASFF) соопшти дека кај пиперките увезени во Хрватска од Македонија, по официјалната контрола на пазарот, споменатата штетна супстанца е откриена во количина од 0,049 милиграми метомил на килограм. Дозволеното ниво е 0,01 милиграм на килограм, што значи дека пронајдената количина е пет пати поголема од дозволената количина. Затоа е наредено итно повлекување на производот од пазарот на Европската Унија.

Инспекцијата била извршена на 23 септември, а официјалното предупредување е издадено на 3 октомври.

  • „Хрватска спроведува редовна контрола на сите пратки овошје и зеленчук што влегуваат во земјата. Кога лабораториските анализи укажуваат на присуство на недозволени супстанции, постапката е јасна – производите се повлекуваат и уништуваат,“ изјави претставник на Државниот инспекторат на Република Хрватска, објаснувајќи дека метомилот е пестицид чие користење е строго ограничено во Европската Унија поради неговата токсичност.

Овој инцидент е најнов во серијата случаи во кои Хрватска во последните години враќа или уништува македонски земјоделски производи поради прекумерни количини на пестициди. Во 2022 година беа повлечени пратки со јаболка и зелка од Македонија, а сличен случај се случи и во 2021 година со домати кои содржеле остатоци од тиаметоксам.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top