И оваа година, традиционално, по триесет и четвртипат по ред, Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, во рамките на хуманитарната акција, им подели повеќе од 140хуманитарни пакети на граѓани и семејства кои се восоцијален ризик. Станува збор за пакети со прехранбенипродукти (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторскипроизводи) и хигиенски производи кои беа донирани од страна на учениците од општинските основни училишта, децата од јавните општински установи–детските градинки, како и од вработените во општинската администрација во Карпош.
Оваа хуманитарна акција традиционално се одржува два пати во годината: еднаш напролет, по повод Велигденските празници, како и наесен по повод роденденотна Општина Карпош.
Заложбата на општинската администрација, како и на градоначалникот Сотир Лукровски, е и во иднина максимално да им се помага на нашите сограѓани и семејства кои се наоѓаат во зоната на социјален ризик, но и да им помага, согласно законските надлежности и ингеренции, да се позиционираат и да бидат конкурентни на пазарот на трудот, излегувајќи од сферата на социјалниот ризик.