Македонија

Кило по кило – Од Грчец, директно во Струмица: Полицијата разби голема кокаинска мрежа

Како на фабричка лента – скопјанец се грижел кокаинот во килограми да стигне во Македонија, а од тука во помали пакувања до Струмица, Штип и другите градови. Таму ја пречекувале други дилери кои биле задолжени за продажбата на мало по македонските улици директно до наркозависниците. Шемата била добро разработена, бизнисот цветал, а трагите се бришеле […]

Како на фабричка лента – скопјанец се грижел кокаинот во килограми да стигне во Македонија, а од тука во помали пакувања до Струмица, Штип и другите градови. Таму ја пречекувале други дилери кои биле задолжени за продажбата на мало по македонските улици директно до наркозависниците. Шемата била добро разработена, бизнисот цветал, а трагите се бришеле за да не се откријат, велат избори на Алфа во акцијата со која полицијата разби голема кокаинска мрежа.

Но сепак, доказ по доказ, Оделот за организиран криминал при БЈБ, во неколку наврати досега ги фатиле со по 100 тина грама кокаин во транспорт. Тоа ги донело и до други докази, а најверојатно и посебните истражни мерки помогнале да се растури мрежата.

Претресите кои се спроведоа на најмалку 15-тина локации, ги потврдиле сомнежите на полицијата. Биле пронајдени повеќе предмети меѓу кои одредено количество на кокаин, поголема сума на пари, нелегално оружје и вага за мерење дрога..

Неофицијално, засега во рацете на полицијата паднале и имиња добро познати во криминалните кругови, меѓу кои се споменуваат Бранко Покрајчевалиев и Зоран Бојаџиски, двајцата од Струмица, одреден Симо Коцев, како и Веле Петрушевски Бикот  – за кој јавноста веќе има слушното кога се појави како сведок на Александар Василевски Нинџа за настаните од 27 април 2017 година. Сомнежи има и за член на семејството на еден од Грчец. За повеќето, сега осомничени во Македонија, a претходно во повеќе странски држави се водела постапка против нив, за шверц и продажба на дрога, за што добиле и одрлежале затвроска казна.

Директорот на БЈБ, Александар Јанев не открива детали за акцијата бидејќи се уште се тресе на повеќе локации во скопски Грчец, Струмица, Штип..

„Криминалните актери точно е дека биле од тука, се движеле по овие улици, се добро познати на Струмичани, а добро познати се и во безбедносните сектори. Кога кажувам дека иницијатава почна од тука, кажувам дека почна со макотрпна работа на неколку колеги од секторот за криминалистичка полиција со началникот на СВР Струмица, каде што прибраа информации и стигнаа до ниво кое заслужуваше должно внимание.. “ одговори Александар Јанев Директор на БЈБ на новинарско прашање.

Од доаѓањто на новата власт, полицијата влезе во отворена војна со наркокартелите во Македонија. Една од поголемите акции против шверцот и продожба на марихуана и кокаин, беше таа против групата на Раде Трајковски Штекли. Претходно беа разбиени и криминалните кланови од Грчец и Арачиново. Тие освен за шверц на дрога, се товарат и за повеќе убиства. Членовите на Дуќанџик завршија со затворски казни, а нивниот лидер Шеваљ Муареми е во бегство во Дубаи и за него е побарана екстрадиција. Беланоца/ Барон се докажува во судска постапка за 8 убиства за што се товарат лидери Фатљум Ајети Тоте и Аки Рахмановски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонија меѓу земјите со најниска цена на струјата во Европа

Македонија со цена на електричната енергија од 11,6 евроценти е во земјите со најниска цена во Европа во првата половина на годинава. Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh. Ова го покажуваат податоците на Евростат објавени во серијалот „Statistics Explained“ (Објаснети статистики) посветен на цените […]

Постигнати очигледни конкретни резултати – Сиљановска-Давкова го прими извештајот на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2026 година

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на маакедонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за античка историја со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. Денес, на 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Извозот зголемен за 10,8% – најмногу се тргува во земјите на ЕУ, но кои земји се во фокус?!

Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 проценти во вкупната размена.

To top