Македонија

И независните кандидати ќе трчаат на локалните – без потписи

Не одлука на ДИК, туку директна примена на законската регулатива

 

Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, изјави дека за локалните избори независните кандидати ќе можат да учествуваат и без собирање потписи.

Според него, членот 60 од Изборниот законик, ДИК нема право никому да му го ускрати уставно загарантираното право да учествува на избори, да бира и да биде биран.

Според првиот човек на ДИК, членот 60 од Изборниот законик јасно гарантира право на учество на изборите како за политички партии и коалиции, така и за групи избирачи, односно и за независни кандидати.На седницата на ДИК, веднаш по распишување на изборите, беше укинат Правилникот на ДИК за регулирање на постапката за собирање потписи.

Како што објасни Кондарко, укинувањето е во согласност со одлуката на Уставниот суд, кој ги укина членовите 61 и 62 од Изборниот законик што се однесуваа на зголемување на квотите за потребните граѓански потписи што независните кандидати за градоначалници и за листи за советници требаа да ги соберат за да се пријават на избори.

Кондарко нагласи дека ова не претставува одлука на ДИК, туку директна примена на законската регулатива, која ја следи одлуката на Уставниот суд за укинување на овие членови од Изборниот законик поврзани со бројот и процентот на потребни потписи за кандидатура.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top