Македонија

И ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица, вели Мицкоски

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со предложените измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, поднесени од Либерално-демократската партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски го повтори партискиот став дека ќе поддржат предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората. Според […]

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со предложените измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, поднесени од Либерално-демократската партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски го повтори партискиот став дека ќе поддржат предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората.

Според Мицкоски „нема поголемо демократско право од тоа дијаспората да учествува во изборен процес за парламентарни и претседателски избори“, откако пратеничка од опозицискиот Европски фронт, ја обвинила Владата дека не се грижела за дијаспората со новиот Закон за локална самоуправа и го ускратувала правото.

„Еве, ние сме за тоа да имаме една изборна единица и да може да учествуваат тие во еден таков изборен процес.

Да немаме трошоци, да немаме повеќе изборни единици, да имаме една и, практично, сите гласови да се влеваат во една изборна единица, и на резидентното население, но и на дијаспората што ќе сака да учествува.

Дури отидовме и чекор понапред и рековме – досега се гласало во дипломатско-конзуларните претставништва, но има држави кои дозволуваат да се постават гласачки кутии/места и надвор од ДКП-та, односно екстериторијални, дури рековме и за тоа сме „за“.

Така што, ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме никаков проблем да поддржиме една изборна единица, рече претседателот на Владата.

Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од претседателката и пратеничка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица, денеска е на дневен ред на 53. седница на Собранието, има за цел  да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба;

Воведување на преференцијално гласање – со цел да им се овозможи на избирачите поголемо влијание врз изборот на поединечни кандидати на изборните листи и да се зголеми одговорноста на избраните претставници;

Поголема застапеност на помалите политички субјекти – преку правично претставување согласно реалната добиена поддршка на национално ниво и

Јакнење на довербата во изборниот процес – преку транспарентност, правичност и зголемена отчетност на политичките актери.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

(Видео): Партиските притисоци од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, се одело по насока на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност.

Мицкоски јасен: Местото на Македонија е во Европа

Македонија е жртва на булинг од земји членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови.

(Фото): Панчевски за СЈО: Во светот можеш се да купиш и бут и врат и кременадла, образ никој не продава

Животот не е 4 години, не е ни 6, не е ни функција, ни власт, животот е долг и полн со искушенија од нечесни луѓе, лажомани и предавници, но полн е и со чесни, искрени и добронамерни кои го топлат срцето. Со овие зборови го почна последниот пост, поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, кој […]

To top