Македонија

ИЈЗ: Не се пронајдени тешки метали во водата од ОУ „Димо Хаџи Димов“

За дополнително пристигнатите мостри од другите девет училишта, ИЈЗ ќе информира во понеделник

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“ и оти физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа на водата се во рамките на реферетните вредности. Тешки метали во мострите од вода не се пронајдени.

– Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храна и работни површини од истоименото училиште, најдени се фекални бактерии Enterobacteriaceа во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето кои укажуваат на нехигиена во училиштето и кујната. Од добиените седум примероци на биолошки материјал кои ги имаме примено во Институтот за јавно здравје од деца кои јавиле симптоми, шест се позитивни на Norovirus, се посочува во соопштението од ИЈЗ.

Во текот на викендот, приправни и дежурни екипи од ИЈЗ се на работа и ги анализираат добиените мостри, како и биолошки материјали добиени претходните денови од училиштата, се со цел брзо,точно и ефикасно справување со ситуацијата.

За дополнително пристигнатите мостри од другите девет училишта, ИЈЗ ќе информира во понеделник.

-ИЈЗ е во постојана комуникација со другите надлежни институтиции и за сите дополнителни инфромацвии ќе ја информира јавноста, се наведува во соопштението од ИЈЗ.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top