Македонија

Илиевска: ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните. Една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери. Пред изборите ветивме дека ќе направиме сѐ што е можно за да обезбедиме линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. И наместо тоа, Владата реализира уште повеќе и за пензиите, за секој пензионер линеарно ги зголеми за 7.000 денари, вели Дијана Илиевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-И покрај обидите на поединци блиски до СДС и опозицијата преку иницијативи пред Уставниот суд да ја оспорат оваа мерка, Владата остана доследна на својата определба да ги заштити интересите на пензионерите и да обезбеди подобар животен стандард. За семејствата во кои двајца членови се пензионери, ова значи дополнителни 14.000 денари месечно во домашниот буџет. Ова се финансиски средства кои значително придонесуваат за подостоинствен живот на пензионерите и за нивно полесно справување со секојдневните трошоци. Од друга страна, потенцираме дека Владата останува на ставот дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање. Проблемите се јасно детектирани, се преземаат конкретни мерки, а новиот Буџет има силна развојна компонента која ќе придонесе економските индикатори дополнително да се подобруваат, вели пратеничката.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политики кои носат реални резултати, поголем животен стандард и подостоинствен живот за сите граѓани, а особено за пензионерите кои со години ја граделе државата.

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top