Македонија

Илиевски: Притвор е за нас плебсот, не за габарити како принцот Ендрју и принцот Артан

Во напад на иронија, ТВ-водителот би го пуштил на слобода бегалецот од правдата, згора би му дал апанажа и одмор на Сејшели

Телевизискиот водител Богдан Илиевски се приклучи на одиумот во јавноста по одредениот домашен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој 14 месеци бегаше од македонската правда во странство.

Мислам дека куќен притвор е претешка казна за така важен човек. Јас би да го пуштиме на слобода, да му дадеме апанажа за 14-те месеци живот во странство и бонус месец дена на Сејшели да одмори од овие тешки 3 часа во Шутка и 12 часа куќен.

Притвор е за нас плебсот, не за габарити како принцот Ендрју и принцот Артан.
И уште еднаш прашањето:
КАКО ОБВИНИТЕЛОТ И СУДИЈАТА ПРОЦЕНИЛЕ ДЕКА ВО ШУТКА ЌЕ МУ БИЛ ЗАГРОЗЕН ЖИВОТОТ, КОГА ДИРЕКТОРОТ НА ШУТКА БОБАН УТКОВСКИ ВЧЕРА ГАРАНТИРАШЕ ДЕКА СИТЕ УСЛОВИ ГИ ИМА ГРУБИ ВО ТАА УСТАНОВА?“, коментира на Фејсбук популарниот Бетмен.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top