Македонија

„Збуљо“: Артан Груби е сè уште активен и влијае во ДУИ преку брат му Ветон, кој беше вчера на собирот во Чаир!

Информативниот портал на албански јазик тврди дека бегалецот од правдата Артан Груби поправо не ја напуштил ниту за еден момент својата партија, во која „жареше“ и „палеше“ како „десна рака“ на Али Ахмети, додека беше и вицепремиер.

Артан Груби преку неговиот брат Ветон Груби е сè уште е присутен во ДУИ. Ветон Груби, беше виден присутен на синоќешниот митинг (на ДУИ, одржан во Чаир, заради предизборно претставување на Бујар Османи како кандидат за градоначалник од ДУИ – заб.ред.). Ова јасно покажува дека, иако Артан не се гледа често во јавноста, тој продолжува да биде присутен и активен во ДУИ преку својот брат.објави информативниот портал на албански јазик „Збуљо“ („Откриј“)

Во веста порталот дополнува: „Ова е доказ дека неговото влијание не исчезнало, туку само се негува во други форми и со луѓето најблиски до него.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top