Македонија

Илинден е тежок и прекрасен ден, ден на неизмерна тага и радост, но и ден на болка и гордост – Честитка на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Илинден е срцето на македонската република

Илинден е тежок и прекрасен ден, ден на неизмерна тага и радост, но и ден на болка и гордост, се вели во честитката на претседателката Гордана Сиљановска Давкова до граѓаните по повод националниот празник.

 

,,Драги сограѓани,

 

Илинден е сржта на македонската историја,

 

Илинден е срцето на македонската република,

 

Илинден е душата на македонската државност,

 

Илинден е тежок и прекрасен ден, ден на неизмерна тага и радост, но и ден на болка и гордост!

 

2 Август е денот на двата Илиндена: Крушевскиот којшто ја роди идејата за Републиката и асномскиот којшто ја оживотвори.

 

Првиот беше искра, вториот пламен, првиот беше ослободителен крик и херојска епопеја, вториот беше државна конституција по победа.

 

Првиот посеа републиканско семе, вториот ја собра жетвата на Народноослободителната борба.

 

Илинден е приказна што тече, се пишува и допишува со крв и солзи, порази и победи.

 

Илинден нѐ учи дека Републиката не се наследува, туку се изборува и се заслужува.

 

Илинден нѐ обврзува да направиме од државата пристојно место за живеење за сите, место од кое нема да се бега, туку во кое ќе се доаѓа.

 

Илинден е пример за обединување заради заедничка цел и општо добро.

 

Илинден е ден на тивка заклетва пред Никола, Питу, Даме, Гоце… и пред мноштвото знајни и незнајни борци, дека она што го сториле за нас, несебично вградувајќи се во темелите на македонската државност, никогаш нема да го заборавиме и засрамиме.

 

Драги потомци на славните илинденци, наследници на нивната визија, храброст и неизмерна љубов кон татковината, од срце ви го честитам Илинден, празникот над празниците.

 

Нека е вековита македонската република!

 

Нека ни е вечен Илинден”, пишува претседателката Гордана Сиљановска Давкова во својата честитка до граѓаните  за Илинден.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

Самсунг (“Samsung“) ја задржа Број 1 позицијата на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи 17 години по ред

Новиот извештај од индустријата ја потврдува лидерската позиција на Самсунг, додека компанијата го проширува своето портфолио на напредни дисплеи и интегрирани решенија за бизниси ширум светот

To top