Македонија

IN MEMORIAM: Замина уредничката најдобар познавач на македонските верски прилики

Целата своја новинарска кариера ја помина во националниот сервис МРТВ

Во Скопје на 60 годишна возраст, почина долгогодишната новинарка и одговорен уредник на Сателитскиот Сервис на МТВ1, Јулијана Тануровска.

Тануровска важи за најдобар познавач на македонските верски прилики и сложените состојби со признавањето на МПЦ-ОА кои ги следеше голем дел од  нејзината кариера.

Тануровска целата своја новинарска кариера ја помина во националниот сервис МРТВ.

Беше и репортер и уредник во информативната програма и на Сателитскиот сервис.

Меѓу колегите ќе остане запаметена како новинар кој одговорно, детално и со прецизен новинарски израз обработувааше сложени теми од национален интерес, во најголем дел од сферата на образованието и црквата.

 

Колегите и семејството на Тануровска се простуваат од неа на социјалните мрежи, изразувајќи длабоко жалење за прерано згаснатиот живот.

 

Погребот на Тануровски ќе се одржи в недела на Градските гробишта во Бутел.

 

Последна вест

Германска ,,инвазија” на Чашка, младо и старо игра на ,,Македонско девојче” (ВИДЕО)

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за два, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top