Македонија

Инфлацијата во септември -0,2 отсто во однос на август

Месечен извештај

Локално.мк

Инфлацијата во септември 2025 година во однос на претходниот месец е -0.2 %, објави Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, изнесува -0.2 %.

Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, Разновидни стоки и услуги за 0.2 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.1 %

Во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2.8 %, Комуникации за  1.8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.8 %, Здравје за 0.4 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %.

Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува 99.3.

Индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.1 %.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нема место за двојни стандарди во евроинтегрирањето, кое не смее да биде оптоварено со историски, јазични и идентитетски прашања!

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ. Двајцата претседатели одржаа „лице-в-лице“ средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација, кои во средиштето на вниманието ги ставија традиционално пријателските заемни односи. Со тоа започна дводневната официјална посета на Сиљановска-Давкова на Хрватска. На заедничката прес-конференција Сиљановска-Давкова истакна дека членството во Европската Унија останува една од стратешките определби на државата и се заблагодари за пријателскиот однос, поддршката и разбирањето од страна на Хрватска, како и за помошта во отворањето нови перспективи и можни решенија во процесот на европските интеграции.

Стручна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт

Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку Министерството за транспорт

Најнови вести

To top