Македонија

Инстант лоз „Хороскоп“ на Државна лотарија

Државна Лотарија ја претстави четвртата серија на популарниот инстант лоз „Хороскоп“ – грепка што веќе освои илјадници љубители на среќата и забавата.

Со секое гребење на овој лоз, учесниците добиваат можност да станат дел од возбудливата приказна на добивките и да ја почувствуваат магијата на симболите и броевите. Новото издание повторно носи возбуда и можности за добивка, со фонд на добивки што вклучува: 5 премии по 500.000 денари, 10 добивки по 100.000 денари, 15 добивки по 50.000 денари и многу други парични добивки што го прават секој лоз потенцијален носител на радост.

Правилата на играта остануваат едноставни и јасни: за да се оствари добивка, потребно е некој од симболите или броевите во полињата, означени како: „Твои симболи и броеви“ да се совпадне со симбол или број во полињата означени како: „Добитни симболи и броеви“.

На еден инстант лоз може да се освојат до четири добивки, што ја зголемува шансата за изненадување и радост.

„Хороскоп“ не е само игра – тоа е комбинација на забава, мистерија и надеж. Симболите и броевите носат уникатна енергија, а секое гребење е нова можност за откривање на добитната комбинација.

Со четвртата серија, Државна лотарија ја продолжува традицијата на создавање игри, кои носат возбуда и ја збогатуваат секојдневната рутина на нашите играчи. Со инстант лозот „Хороскоп“, секој може да стане дел од светот на добивките. Доволно е само малку среќа и еден гребнат лоз за да се отвори патот кон големите добивки. Играјте одговорно, уживајте во забавата и дозволете ѕвездите да ви ја донесат среќата!

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

Уште во 2023 претходната влада на СДСМ и ДУИ стапила во деловни односи со „Алта банка“ – Белград и Давор Мацура од Србија, дозволувајќи им влез во РМ

Претходната влада на СДСМ и ДУИ влегла во деловни односи со Алта банка – Белград и Давор Мацура во Србија уште во 2023 година кога на владина седница била донесена одлука да го овласти државниот правобранител во име на владата да ги отуѓи акциите што Македонија ги имала во српска банка, која Алта банка ја купува. Тогаш државата влегла во деловен однос со Алта банка и Давор Мацура. Купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка не е поврзано во никој случај со сегашната Влада бидејќи станува збор за две правни лица и трансакцијата е во согласност со сите прописи, закони и со Уставот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

To top