Македонија

Исчезнува Преспанското Езеро

Едно од најстарите езера во Европа од ден на ден се повеќе наликува на бара

Ако некогаш површината на Езерото била 284 квадратни километри, сега е само 259.

За неколку децении нивото е намалено цели 12 метри.

Во туристичката населба Крани, тоа е повеќе од очигледно. Потребно е да се испешачат стотина метри низ езерото, за да се стигне до ниво доволно за капење. Се бара преземање на итни мерки по примерот на Дојранско Езеро, пишува Алсат.

Според анализите на професорот од техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, веќе две години езерото губи по 50-ина сантиметри годишно, односно околу 125 милиони кубни метри вода.

Овој септември нивото е 55 сантиметри пониско од истиот период минатата година а сценаријата за иднината на езерото се повеќе од црни.

Според Трајковски, ако продолжи сегашниот тренд на намалување може да се случи за 60 години од сега, 90 % од неговата површина да пресуши и да останат само четири поголеми јами.

Најголемата би била 30 метри длабока на влезот на Нивичкиот залив во Грција. Останатите четири би биле на македонска територија со длабочина од 10 метри.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top