Македонија

Иван Стоилковиќ до Илир Хасани: 20 години Албанци го водат министерството, ама без правична застапеност

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска остро одговори на прашањата на пратеникот Илир Хасани (Европски фронт) во врска со состојбата во Министерството за односи меѓу заедниците, кое според Стоилковиќ има 2.250 вработени, од кои скоро 97% се Албанци.

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска остро одговори на прашањата на пратеникот Илир Хасани (Европски фронт) во врска со состојбата во Министерството за односи меѓу заедниците, кое според Стоилковиќ има 2.250 вработени, од кои скоро 97% се Албанци.

Стоилковиќ истакна дека министерството 20 години било предводено од Албанци (најпрво како Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, а потоа како министерство), но дека принципите на правична застапеност од Рамковниот договор не се применувале кон припадниците на помалите етнички заедници.

„За каква еднаквост зборувате? Каде се тука припадниците на помалите етнички заедници, кои исто така се споменати во Рамковниот договор и за нив исто важи принципот за правична застапеност. Претпоставувам дека ниту вие, ниту оние кои го воделе Министерството немаат одговор на ова прашање, затоа што ова не го спроведувале“, рече Стоилковиќ.

Тој додаде дека пред десетина години, кога генерален секретар на Владата бил Кирил Божиновски, добил кривична пријава и седум години се судел поради тоа што голем дел од вработените не оделе на работа, а примаале плата.

„И доколку вие сметате дека јас треба да продолжам по тој пат и тие што примаат плата, со години, а некои и со децении не оделе на работа да добијам кривична пријава и за време и дури подоцна да се плеткам по судови, мислам дека сте нашле погрешен човек“, нагласи Стоилковиќ.

Министерот беше дециден дека тој што прима плата мора и да оди на работа. Тој истакна дека ниту еден раководител не е поместен од позиција, туку само еден бил казнет со 20% намалување на платата, бидејќи „му подметнувал документи“. За видео-снимките на кои се гледа како вработени спијат во канцеларија, Стоилковиќ рече дека инспекторите утврдиле дека условите за работа биле одлични, а не лоши како што се жалеле.

„Нема веќе седење по дома и да се прима плата и ако тоа е нечовечки однос, да прифаќам“, рече тој и додаде дека во министерството повеќе нема „играње фудбал по канцелариите или спиење на работните места“.

На прашањето за врските со Белград и Москва, Стоилковиќ одговори дека нема ништо спорно.

„За Москва ќе ве потсетам дека мојата ќерка живее таму, а вашиот министер со Лавров беше многу голем пријател, како што се сеќавам. Така што заборавете на инсинуациите. Што се однесува до Белград ќе ве потсетам дека ја почестивте македонската држава и македонската јавност на најголемиот христијански празник Божиќ со Тиранска платформа, па каде вие одевте – вие во Авганистан или во Тирана. Каде да одам јас, во матичната држава или некаде на трето место“, рече Стоилковиќ.

Оваа размена на реплики доаѓа во време на зголемени тензии меѓу владејачката коалиција и Европскиот фронт, особено околу примената на Охридскиот рамковен договор, правичната застапеност и управувањето со јавната администрација.

Најнови вести од: Македонија

ДС со апел: Владата да не подлегнува на притисоци, уцени и радикални барања

Особено загрижувачки е фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните земји, Косово и Албанија, што претставува неприфатлив обид за вршење надворешно влијание врз внатрешно-политичките и институционалните работи на Република Македонија

МВР апелира: Навремено подигнувајте ги готовите лични документи

Процесот на издавање лични документи во управните служби на Министерството за внатрешни работи е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термини за фотографирање, минимално време на чекање пред шалтерите и експресно изготвување на документите во законскиот рок, а честопати и порано.

Мемов: Дали бизнисот на Филипче во Бугарија е причина за инсистирањето на уставни измени?

Дали бизнис интересите што ги има заедно со семејството Заеви се причината за неговото инсистирање по секоја цена да се направат уставни измени под бугарски диктат, праша портпаролот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов.

To top